Услови на користење
Ако ги користите функциите на разговор од Google („Услугата“), ги прифаќате и се согласувате да бидете обврзани со Условите на користење на Google, Политиката за приватност на Google, како и овие дополнителни услови (заедно „Условите на користење“). Функциите на разговор функционираат со телефонски броеви, па може да минуваат низ други оператори за да дојдат до телефонските броеви. Се согласувате дека вашите контакти може повремено да се проверуваат за способности за функции на разговор за обезбедување на „Услугата“. Google може повремено да ги разменува вашите информации за уредот, заедно со идентификатори на уред или информации за SIM-картички, со вашиот оператор за да го потврди вашиот телефонски број и за да ја обезбеди „Услугата“. „Условиве на користење“ не важат за функциите и услугите што ги обезбедува вашиот оператор (на пр., повикување и разменување пораки преку операторот, заедно со SMS/MMS/итн.). Може да прекинете да ја користите „Услугата“ со тоа што ќе ја исклучите во поставките за вашата апликација за разменување пораки.
„Услугата“ ја обезбедува Jibe Mobile, Inc., подружница на Google LLC.
„Услугата“ ја обезбедува Jibe Mobile, Inc., подружница на Google LLC.